Компанијата IDC ги објави своите предвидувања во врска со трендовите на пазарот на паметни телефони во следните пет години. Ревидирано е претходното предвидување за растот на пазарот на смартфони во текот на 2017 година и сега се предвидува раст на пазарот од 3 проценти. (во однос на предвидувањето што говореше за раст од 4 проценти)
До крајот на оваа година би требало да бидат испорачани 1,517 милијарда паметни телефони, а оваа бројка до 2021 година би требало да порасне на 1,745 милијарди. На растот посебно ќе му одговара подобрата економска ситуација на пазарите во развој, а растот во текот на следната година би можел да достигне и 4,5 одсто благодарејќи на доаѓањето на новиот iPhone 8 на Apple.
Мобилната платформа на Microsoft, Windows Phone според најновиот извештај на IDC не стои добро и во текот на 2017 година би требало да забележи пад од дури 80,9 проценти.
Од друга страна, Android и iOS би требало да ги задржат своите постоечки пазарни позиции. До 2021 година Android на Google би требало да има пазарен удел од 85,5 проценти, а второпласитраниот iOS на Apple ќе има удел од 14,5 одсто.
До 2021 најпопуларните паметни телефони на пазарот ќе бидат оние со дијагонали на екранот помеѓу 5,5 и 6 инчи.