И покрај големите загуби во мобилната дивизија, компанијата и натаму планира да продолжи со стратегијата со два бренда
Минатиот ноември се појави интересен извештај, што сугерираше дека Lenovo ќе се откаже од користењето на сопствениот бренд на телефони. Наместо тоа, компанијата во иднина би ги продавала само Moto-брендираните уреди.
Сепак, овие тврдења сега се отфрлени директно од Извршниот директор на компанијата. Јанг Јуангинг за медиумите изјави дека реорганизацијата на компанијата нема да влијае врз нејзиното мобилно работење. И покрај поголемите загуби во мобилната дивизија, компанијата и натаму планира да продолжи со стратегијата со два бренда. Ова вклучува продажба на телефони под имињата Lenovo и Motorola.
На некои пазари е можно да се купат Lenovo и Moto телефоните, но на поголем дел од местата е достапен или едниот или другиот бренд. „Никогаш нема да го отфрлиме Lenovo”, истакна Јанг, што засега ги негира сите гласини што го тврдат спротивното.
ИЗВОР: GSMArena