Кога ќе истечат четирите месеци, корисникот може да избере да плаќа 9,99 долари за продолжување на користење на сервисот или да ја откаже услугата
Оние кои планираа да се префрлат на нов музички сервис или сакаат прв пат да испробаат некоја услуга, имаат идеална шанса тоа да го сторат. Google сега на новите претплатници им нуди четири бесплатни месеци на Google Play Music.
Иако промоциите од овој тип не се новитет, Google додаде уште месец во својата понуда која досега ги вклучуваше вообичаените три месеци пробен период. Процесот е прилично праволиниски – корисникот се најавува преку својот Google акаунт и може да го користи сервисот во текот на четири месеци. Кога ќе истечат четирите месеци, корисникот може да избере да плаќа 9,99 долари за продолжување на користење на сервисот или да ја откаже услугата.
Треба да се напомене дека оваа понуда моментно се прикажува во Америка и дека во другите региони може да варира.
Извор: Neowin