Компанијата чувствува притисок да ја врати предноста што ја имаше некогаш во овој простор кога го претстави личниот асистент Siri
Според извори запознати со плановите на Apple, компанијата дизајнира чип за вештачка интелигенција, што ќе се концентрира на функциите кои би ја задржале човечката интелигенција. Тоа ќе вклучува и препознавање на лицето и говорот.
Apple чувствува притисок да ја врати предноста што ја имаше некогаш во овој простор кога го претстави личниот асистент Siri. Apple со креирање на чипот што посебно ќе раководи со AI задачите би можел да ја зголеми брзината на обработка на податоците и да го сочува траењето на батеријата.
Да потсетиме, Qualcomm веќе има AI модул вграден во Snapdragon 835 чипсетот, кој моментно ги покренува најмоќните Android уреди како што се Samsung Galaxy S8 i HTC U11. Според истите извори, Apple планира да им понуди на програмерите на апликации пристап до чипот, што ќе им овозможи функции на вештачка интелигенција во своите апликации.
ИЗВОР: Bloomberg