Компанијата планира Thunderbolt 3 спецификациите да ги направи општо достапни и бесплатни, за да може секој да ја интегрира технологијата

Поминаа неколку години откако беше претставен Thunderbolt 3 протоколот, а Intel истакнува дека на пазарот постојат преку 120 компјутери што го поддржуваат стандардот. Intel сега сака да им го олесни прифаќањето на Thunderbolt 3, така што ќе ја интегрира технологијата во идните интелови процесори.

Компанијата исто така планира Thunderbolt 3 спецификациите да ги направи општо достапни и бесплатни, со цел секој да може да ја интегрира тејхнологијата.

Thunderbolt 3 ги донесува следните предности:

  • Поддршка за испраќање на видео на два екстерни 4K екрана
  • Поддршка за напојување до 100W
  • До 4 пати побрз пренос на податоци во однос на USB 3.1

Засега не е јасно дали Thunderbolt 3 поддршката за идните процесори ќе ги вклучува и буџетските, нископотрошни Celeron и Pentium чипови, или технологијата ќе биде резервирана само за Core фамилијата процесори.

 

ИЗВОР: Liliputing