Потпретседателот Јусуф Мехди во интервју објасни дека Windows 10 S верзијата на лаптопот Surface е само почеток на поширокиот спектар уреди што го покренуваат овој оперативен систем
Microsoft ја покрена Windows 10 S верзијата на опeрaтивниот систем на почетокот на овој месец на Surface лаптопот, но се испостави дека компанијата е многу посветена оваа верзија на системот да биде и на другите уреди, вклучувајќи ги и постоечките Surface модели. Потпретседателот Јусуф Мехди објасни во интервју дека Windows 10 S верзијата на лаптопот Surface е само почеток на поширокиот спектар уреди што го покренуваат овој оперативен систем.
Тој потврди дека новите модели на Surface Book i Surface Pro се на пат, а тоа секако значи дека на пазарот ќе се појават уште уреди што ги покренува оваа платформа. Природно, сите тие го имаа за цел образовниот пазар, бидејќи тој е фокус на платфромата.
Новите Windows 10 S верзии на Surface Book и Surface Pro компјутерите би требало да бидат нешто поевтини од Windows 10 Pro. Во овој момент нема предвиден датум кога Windows 10 S на новите Surface уреди ќе се најдат во продажба.