Вкупната прогнозирана испорака за 2017 година изнесува 219 милиони LCD телевизори
Производителите досега испорачале 44 милиони телевизори, а ова се бројки што го покриваат само првото тримесечје од годината. Ова, сепак, претставува секвенцијален пад од 21 процент, односно пад од 8,4 отсто на годишно ниво.
Аналитичката компанија WitsView сугерира дека клучниот период, во текот на Лунарната Нова година во Кина, беше доста под очекувањата. Сепак, се сугерира дека во текот на вториот квартал, глобалната испорака на LCD телевизори ќе има раст од 8 проценти. Вкупната прогнозирана испорака за 2017 година изнесува 219 милиони LCD телевизори.
Кога се во прашање поединечните производители, топ 5 листата ја сочинуваат Samsung (10,1 милиони продадени ТВ уреди), LG (6,4 милиони), TCL (2,8 милиони), Hisense (2,5 милиони) и Sony (2,1 милион).
Поврзани артикли