Според сликите може да се заклучи дека се работи за многу елегантен, тенок уред со алуминиумско куќиште
Ударниот модел на Nokia што се најавува веќе со месеци, конечно ги добие и своите први фотографии кои покажуваат како всушност би требало да изгледа Nokia 9. Според сликите може да се заклучи дека се работи за многу елегантен, тенок уред со алуминиумско куќиште.
Според она што го знаеме, Nokia 9 на задната страна би требало да има двојна 13 мегапикселна камера со двеон LED блиц и ласерски автофокус. Предниот дел на уредот ќе има home копче што исто така ќе служи како скенер за читање на отисоци. Бочните страни на уредот ќе имаат USB C влез за полнење со можност за полнење и 3,5 милиметарски аудио излез кој Nokia нема да го исфрли како некои други производители.
Се споменува дека Nokia 9 треба да пристигне со верзијата на Android 7.1.1, а под капакот би требало да го покренува Snapdragon 835 процесорот со осум јадра и 4 GB работна меморија, како и 64 GB интерна меморија за складирање податоци. Цената на овој уред најверојатно ќе изнесува околу 750 евра.