Според дизајнот е многу слична на постоечката Surface тастатура која беше претставена минатата година заедно со Surface Studio
Microsoft моментно работи на нова Bluetooth тастатура. Кодното име на тастатурата е C3K1780, додека пазарното ќе може полесно да се запомни – Microsoft Modern Keyboard.
Со дизајнот е многу слична на постоечката Surface тастатура која беше претставена минатата година истовремено со десктоп компјутерот Surface Studio. Битната разлика меѓу новиот, помодерен модел е во тоа што новата ќе добие читач на отисоци на прстот.
Благодарение на тоа, корисниците на десктоп компјутери со оперативниот систем Windows 10 ќе можат подобро да ја искористат платформата Windows Hello – за едноставно најавување во системот, со отисок од прстот. Тастатурата ќе има вградена батерија која ќе има можност за надополнување.
Исто така, во случај батериите неочекувано да се испразнат корисниците ќе можат да користат тастатура и со помош на USB кабел. Точното време на официјалното претставување засега не е познато, но постои можност да се случи веќе на 23 мај, на настан на кој се очекуваат нови уреди од Surface серијата.
Поврзани артикли