Документот што протече во јавноста открива како мрежата планира да се бори против говорот на омраза, тероризмот и порнографијата
Facebook неодамна најави поостри правила што би се применувале на содржините кои се објавуваат на најпопуларната светска социјална мрежа. Но, документот што протече во јавноста открива како Facebook планира да се бори против говорот на омраза, тероризмот, порнографијата и самоповредувањето.
Дека работата не им е лесна, најдобро говорат податоците според кои неделно администраторите на мрежата добиваат пријава за повеќе од 6,5 милиони потенцијално лажни профили. Главниот проблем е што Facebook досега немаше конкретна политика на решавање па различните администратори на различни начини решаваа ист проблем.
Еден од најголемите проблеми се корисниците кои ја користат „live” функцијата за снимање и емитување ситуации во кои пробуваат да извршат самоубиство. Иако, Facebook такви содржини би требало да блокира, според документот би требало да ги дозволат со цел да не се „цензурираат или казнуваат луѓето кои се во неволја”. Иако од социјалниот медиум не сакаа да го коментираат документот, истакнуваат дека интензивно работат на засилување на безбедносната политика.
„Многу ни е важно да ги заштитиме луѓето на Facebook. Напорно работиме за да го направиме Facebook што шпосигурен, а да ја сочуваме слободата на говорот. Тоа бара многу размислување за деталите и многу тешките прашања”, истакна за Reuters, Моника Бикер, шефицата на Facebook за глобална политика.
Поврзани артикли