Откако Smart Reply дебитираше вo Inbox апликацијата и на уредите со Android Wear платформaта, време е да тргне понатаму. На својата конференција Google I/O 2017, компанијата ги изнесе рамковните планови за  Smart Reply. Да потсетиме, задачата на оваа функција е со тек на времето да научи (машинско учење) на кој начин би му одговориле на одреден корисник за примена порака. За да го знае тоа, мора да ја скенира вашата електронска пошта по што ќе ви понуди три брзински одговори. Истите можете, но не морате да ги прифатите, изборот е ваш.

Google наведе дека оваа опција наскоро ќе стане дел од Gmail апликацијата за Android i iOS. На почетокот Smart Reply ќе поддржува само англиски јазик, а подоцна ќе стигне и поддршка за шпански јазик. Google нема намера да застане на овие два јазика, туку наведува дека со тек на времето ќе биде додадена поддршка и за другите светски јазици.

Од Google напоменуваат дека колку побрзо корисниците ќе ги користат Smart Reply, понудата на автомотски одговори ќе биде поточна и слична на начинот на изразување на корисникот. За корисниците загрижени за својата приватност, Google напоменува дека сите податоци ќе се чуваат на уредот на корисникот. Исто така, лицето кое ви го испраќа мејлот нема да види каков е предложениот одговор од Smart Reply.