Уредот го одликува многу елегантен дизајн, што е доста поинаков од сегашните Galaxy модели
На почетокот на овој месец на интернет се појави вест дека Samsung го подготвува својот прв паметен телефон со двојна задна камера. Според најновата фотографија што е објавена од непознат извор, новиот Galaxy би требало вака да изгледа. Уредот го одликува многу елегантен дизајн, што е доста поинаков од сегашните Galaxy модели.
Новиот Galaxy би требало да го носи името C10 и би требало да пристигне со двојна задна камера, која е најавена и за Note 8. Се уште се шпекулира дека овој модел исто така би требало да има скенер за читање отисоци, но на предниот дел на home копчето. Под капакот би требало да се наоѓа процесорот Snapdragon 660. Цената, ниту деталните спецификации се уште не се познати.
Поврзани артикли