Во стаклените кутии се наоѓаат околу 600 луксузни автомобили, од новите модели како Lamborghini Aventador, до некои класични модели, како што е Ferrari 512M.

Зграда од 15 катови, што пред неколку дена беше отворена во Сингапур всушност е автомат кој продава луксузни автомобили, а е во сопственост на компанијата Autobahn Motors.

Овој автомат, односно ‘vending machine’  функционира исто како и оној за слатки, иако во овој случај вработените на надгледуваат купопродажбата. Со притискање на копче, саканиот автомобил во рок од само една минута сам се спушта во подземната гаража, додека купувачот за тоа време може да погледне промотивно видео за избраниот модел.

Во стаклените кутии се наоѓаат околу 600 луксузни автомобили, од новите модели како Lamborghini Aventador, до некои класични модели, како што е Ferrari 512M.

 

Гери Хонг, директор на Autobahn Motors дојде на оваа идеја кога снема место во авто салонот, а сакаше да направи нов и иновативен продажен простор што оваа компанија ќе ја издвои од конкуренцијата. Вели дека го инспирирал автоматот за играчки со детскиот дуќан Toys”R”Us, кога со синот купуваше автомобили играчки.

https://www.youtube.com/watch?v=Hw5JNDS2FCw