Целта е да се обезбеди заштита од вирусот што неколку дена напаѓа компјутери низ светот
Microsoft објави надградба на оперативните системи „Windows XP“, „Windows 8“ и „Windows Server 2003“, чија поддршка е прекината.
Целта е да се обезбеди заштита од вирусот „WannaCry“ што втор ден напаѓа компјутери низ светот, пренесоа агенциите, повикувајќи се на портпаролката на рускиот огранок на Microsoft, Кристина Давидова, соопштија светските агенции.
Според неа, технолошката компанија ја ажурирала верзијата на оперативните системи, кои уште ги одржува, и додала своја бесплатна антивирусна програма. А потоа се пуштени надградби за застарените „Windows XP“, „Windows 8“ и „Windows Server 2003“.
Според информации од блогот на „Виндоус“, компјутери со „Windows 10“ не биле нападнати во започнатиот вчера напад на вирусот изнудвач. При невидениот досега сајбер напад, беа погодени илјадници компјутери во над 100 земји во светот.