Најмоќната AMD Radeon Vega графичка картичка би можела да биде во ранг на Nvidia GTX 1080 Ti. AMD неодамна ги објави драјверите за Linux оперативниот систем, а дата минероте успеаја да го пронајдат следниот код:
- case CHIP_VEGA10:
- adev->gfx.config.max_shader_engines = 4;
- adev->gfx.config.max_tile_pipes = 8;
- adev->gfx.config.max_cu_per_sh = 16;
- adev->gfx.config.max_sh_per_se = 1;
- adev->gfx.config.max_backends_per_se = 4;
- adev->gfx.config.max_texture_channel_caches = 16;
- adev->gfx.config.max_gprs = 256;
- adev->gfx.config.max_gs_threads = 32;
- adev->gfx.config.max_hw_contexts = 8;
Во прашање е прилично јасна листа на GPU спецификации, a WCCFTech состави компаративна табела за да го прикаже напредокот во однос на RX 480, базиран на Polaris архитектурата.
AMD, како што беше откриено на Guru3D форумите, би можела да работи на три модели на RX Vega графичките картички базирани на Vega 10 архитектурата, што сугерираат објавените 3DMark валидации. Според резултатите на 3DMark TimeSpy, најбавниот SKU би можел да биде побрз од Nvidia GTX 1070, додека најбрзиот модел на картичка е на ниво на GTX 1080 Ti.
Интересно е дека сите три модели на графичката картичка доаѓаат со 8 GB HBM2 меморија, но главните разлики ги очекуваме со работните фрекевенции на GPU. Се очекува RX Vega на пазарот да се појави во вториот квартал од оваа година, најверојатно во јуни.