Motorola претстави два нови смартфона од својата Moto C серија. Се работи за уредите наречени Moto C и Moto C Plus кои поради послабите спецификации, зависно од моделот ќе имаат почетни цени меѓу 90 и 120 евра.
Најслабиот, а со тоа и најевтин модел го одликува 5-инчен екран со резолуција 854 x 480 пиксели, има 1 GB RAM, и зависно од моделот 8 GB или 16 GB интерна меморија. Го покренува MediaTek MT6737M чипот, чии четири (Cortex-A53) јадра работат на брзина од 1,1 GHz.
Од задната страна сместена е камера со резолуција од 5 мегапиксели со LED блиц, која може да снима видео во HD квалитет (720p). На предната страна ана уредот се наоѓа камера од само 2 мегапиксела. Моделот без поддршка за 4G на европскиот пазар ќе чини 89 евра, додека 4G моделот ќе биде десет евра поскап.
Moto C Plus во однос на обичниот модел доби некои подобрувања. На пример, 5-инчниот дислеј има HD резолуција (1.280 x 720 пиксели), количината на RAM меморија за одредени модели е зголема на 2 GB, како и почетниот простор за складирање – 16 GB. Исто така, резолуцијата на главната камера е зголемена од 5 MP на 8 мегапиксели. И двата модела се темелат на Android 7.0, односно верзијата Nougat. Почетната цена за моделоѕ со 1 GB RAM ќе изнесува 119 евра.