Причина за овој потег наводно се продажните резултати кои се покажаа послаби од очекуваните.
Од Тајван пристигнуваат информации дека челниците на Asus наводно размислуваат за повлекување од пазарот на смарт часовници. Во склад со тоа планирано е и гасење на линијата на паметните часовници на компанијата ZenWatch. Причина за овој потег наводно се продажните резултати кои се покажаа послаби од очекуваните.
Актуелниот паметен часовник ZenWatch 3 има кружен 1,39-инчен AMOLED екран, Qualcomm Snapdragon 2100 чип, 512 MB RAM и 4 GB интерна меморија, а за Asus го произведува компанијата Pegatron.
Моментно месечно се испорачуваат помеѓу 5.000-6.000 примероци на Zen Watch часовниците. Првата генерација од ZenWatch серијата се појави на пазарот во текот на 2014. година.
Поврзани артикли