„Батериите што ќе се појават по литиум-јонските батерии, т.н. суви батерии, треба да биде создадена во Европа”, изјави на форумот Future of the Car, Роберто Вавасори, шеф на организацијата на европските добавувачи во автомобилската индустрија (CLEPA).
Кина засега го држи пазарот на литиум-јонски батерии што се основа за 90% од електричните возила. Но, следната генерација батерии, која ќе биде основа за електромобилите треба да се „роди“ во Европа?!
„Следната генерација батерии, оние што ќе се појават по литиум-јонските батерии, т.н. суви батерии, треба да биде создадена во Европа”, изјави на форумот Future of the Car организиран од The Financial Times, Роберто Вавасори, шеф на организацијата на европските добавувачи во автомобилската индустрија (CLEPA).
– Во моментов оваа индустрија се развива многу брзо, а една кинеска компанија држи 40% од пазарот. Ако компаниите на Стариот континент сакаат да бидат конкурентни, мораат да создадат сериозна мрежа на добавувачи за идното масовно производство на електрични автомобили.
Вавасори е на мислење дека кинеската индустрија е толку напред во развојот на технологијата за батерии за електрични во моментов, па Европејците практично немаат шанса да ги стигнат. Но сепак има решение?! Тој објасни дека брз раст на пазарот на електрични автомобили може да даде шанса на европските компании.
Поврзани артикли