Компанијата Strategy Analytics која се занимава со истражување на пазарот на мобилни уреди, објави нов извештај со кој е покриена динамиката од првиот квартал на оваа година. Податоците што не интересираат се однесуваат на бројот на продадени паметни телефони, а на ова поле има навистина изненадувачки податоци. Според нив, најпродаваниот Android уред стигнува од Кина.
Да ги отстраниме сите можни недоумици: апсолутен првак е Apple со својот iPhone 7 (21,5 милиони продадени примероци), а потоа следува iPhone 7 Plus со 17,4 милиони. Сепак, трет на листата не е Samsung, како што се очекуваше, туку компанијата Oppo, која своите телефони ги продава на строго ограничено подрачје.
R9s е уред со 5,5-инчен екран со Full HD екран, Snapdrogon 625, мемориска комбинација 4 GB RAM/64 GB ROM и 16-мегапикселна камера од двете страни на телефонот. Во првиот квартал на 2017 продаден е во фантастични 8,9 милиони примероци, и тоа исклучиво на пазарите во Кина и Индија. Токму овој модел е заслужен за доминацијата меѓу Android уредите.