Samsung уште претходно потврди дека повторно ќе го пушти во продажба својот минатогоишен фаблет Galaxy Note 7, кој веќе е повлечен од пазарот поради добро познатите проблеми со батеријата.
Според претходните гласини, обновениот Galaxy Note 7 на пазарот ќе пристигне под името Galaxy Note 7R, со нешто помала батерија од претходната, чиј капацитет ќе изнесува 3200 mAh (за разлика од претходната батерија со капацитет од 3500 mAh). Тука е и оперативниот систем Android 7.0 Nougat, додека останатите карактеристики се идентични со оние што можат да се најдат во оригиналниот Galaxy Note 7 уред кога прв пат се појави на пазарот.
По гласините, сега пристигна и информација дека обновениот Galaxy Note 7R ќе дојде со половина помала цена во однос на оригиналниот модел, претходните информации за цената од околу 620 американски долари ги заменија нови за цена од околу 400 долари.
Поврзани артикли