Lenovo го претстави IdeaPad 720S, нов класичен ултрабук од висока категорија што се темели на Интеловите Kaby Lake процесори. Може да се пофали со исклучително тенки рамки околу екранот. Конкретно, дисплејот од 14 инчи е сместен во куќиште за 13-инчни екрани баш како конкуренсткиот преносник XPS 13 на Dell.
Можно е да се избере помеѓу Intel Core i5-7200U и Core i7-7500U Kaby Lake процесорите, достапно е активно ладење, 8 или 16 GB DDR4 RAM SSD NVMe PCIe диск од 256 или 512 GB, дискретна графика во вид на Nvidia GTX 940M и батерија од 56 Wh.
Споменатиот 14-инчен IPS екран донесува резолуција од 1920 х 1080 пиксели, а тука е и 720p веб камерата, JBL звучници, цврсто метално куќиште и скенер на отисоци на прсти под тастатурата. Од приклучоците достапни се по еден USB Type-C Thunderbolt 3 и HDMI порт, два USB 3.0 и еден влез за SD картички. Lenovo IdeaPad 720S доаѓа со прединсталиран оперативен систем Windows 10 Home и со цена од 949 долари (за моделот со Core i5), односно 1329 долари (за моделот со Core i7).