BenQ во својата понуда на професионални монитори додаде уште еден модел – PD2500Q. Како што открива самото име, се работи за монитор со дијагонала од 25 инчи, а производителот додава дека се работи за посебно осмислен монитор за дизајнери.
Благодарение на тоа, купувачите можат да сметаат на 100 процентна поддршка за sRGB i Rec. 709 спектарот, што со свој сертификат го потврди и Technicolor. Кога сме кај боите, да наведеме уште дека мониторот поддржува 8-битни бои и може да прикаже до 16,7 милиони бои. Освен високата точност на приказот на бои, PD2500Q се одликува и со IPS екран со висока резолуција – 2К, односно резолуција од 2.560х1440 пиксели. Останатите спецификации откриваат дисплеј со размер од 16:9, статички контраст 1000:1, осветлување од 350 cd/m2, видливи агли од 178 степени (хоризонтално и вертикално) и брзина на одзив од 4 ms (GtG).
BenQ PD2500Q доаѓа со неколку режими – Darkroom, CAD/CAM i Animation чии имиња говорат сами за себе – Darkroom ќе го подобри приказот на екранот во темни простори, CAD/CAM приказот во SOLIDWORKS, AutoCAD, CATIA и слични апликации, додека Animation режимот ќе го подобри приказот на темните делови без нарушување на светлите делови на сликата.
Мониторот може да се подесува по висина (до 130 милиметри), навалувањето (20 степени) и положбата (Пивот – 90 степени). Од видео влезовите на располагање се по еден mini DisplayPort, DisplayPort i HDMI порт. BenQ додаде и USB хаб со четири USB 3.1 портови, 3,5-милиметарски аудио приклучок и стерео звучници од 2 W.
Поврзани артикли