Приходите на Netflix, водечката компанија за емитување филмови и серии преку интернет, се искачи на 3,3 милијарди долари во последните три месеци на 2017 година.

Ова претставува скок на приходите за 33 проценти, додека профитот во истиот период изнесуваше 186 милиони долари, односно трипати повеќе отколку во 2017 година.

Бројот на корисници се зголеми за 8,3 милиони, и сега Netflix има вкупно 117,6 милиони претплатници.

Добрите економски резултати доведоа до раст на акциите на компанијата за осум проценти и сега нејзината вкупна вредност се проценува на 100 милијарди долари.

Солидната заработувачка му овозможи на Netflix да го продолжи силното темпо на продуцирање сопствени содржини, како што се сериите Чудни нешта, Круната, Портокаловото е новото црно и филмовите Окџа и Брајт.