Роботите добија вештачки мускули (ВИДЕО)

Научниците од универзитетот Колорадо во Булдер успеале да произведат издржливи, флексибилни и моќни вештачки мускули.

Станува збор за ХАСЕЛ-технологија која сама создава движење и има потенцијал за самозаздравување.

“Новата технологија би можела да го отвори патот за создавање на пофлексибилни роботи кои би можеле да го подобрат квалитетот на човечкиот живот”, истакнал во соопштението деканот на факултетот.

Мускулот се состои од ќеси кои се исполнети со растително масло и прикачени на електроди. Електричниот шок кој произведува електроди влијае врз движењето на течностите и го менува обликот на ќесите, создавајќи “контракции” слични на оние кои ги произведуваат мускулите.

Новиот изум овозможува подигнување на деликатни работи, затегнување и опуштање на роботските “мускули”, исклучително брзо движење и создавање на вештачки бицепс. Со ова, научниците се надеваат дека ќе овозможат производство на понапреден тип на протетски екстремитети.

Истражувањето е објавено во списанијата “Science” и “Science Robotics”.

Scientists are giving human-inspired muscles to robots

Robots just got one step closer to being like humans: Scientists gave them muscles.

Posted by Quartz on Dienstag, 9. Januar 2018

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + five =