Еден родител успеал да пронајде начин како да ги натера децата да не ги игнорираат пораките кои нивните родители им ги праќаат на мобилните телефони.

Имено, британецот Ник Херберт ја дизајнирал и направил апликацијата „ReplyASAP“ која го заклучува мобилниот телефон на детето додека тоа не одговори на пораката од родителите.

Херберт на ваков потег бил поттикнат поради однесувањето на неговиот син Бен, кој го исклучувал ѕвонењето на телефонот и не ги слушал повиците или пак намерно ги игнорирал пораките на својот татко.

Токму затоа тој се обидел да најде апликација која ќе го „пробие“ тивкиот режим на телефонот и ќе го привлече вниманието на Бен. Кога не пронашол таква апликација, решил да создаде своја.

За да работи, апликацијата мора да биде инсталирана и на телефонот на испраќачот и на телефонот на примателот. Кога корисникот ќе ја отвори, во неа се пишува пораката и потоа се испраќа.

Кога ќе стигне испратената порака, на телефонот на примателот се огласува силен аларм и апликацијата го заклучува екранот додека не биде одговорено на истата.

Испраќањето пораки е бесплатно, а исто така и апликација доколку се користи во комуникавција само со едно лице. За повеќе контакти, користењето се наплаќа.

„ReplyASAP“ во моментов е достапна само за платформата „Андроид“.