iPhone X го сметаат за расистички уред: Десетката не ги разликува Кинезите

Компанијата Apple е обвинета за расизам откако голем број на Кинези откриле дека можат меѓусебно да го отклучат новиот iPhone.

Приказната започнала откако едно семејство од Шангај го открил овој проблем, а по овој случај, многу Кинези биле загрижени за безбедноста на своите податоци.

Еден Кинез ја контактирал корисничката поддршка на Apple откако открил дека неговиот син исто така може да го отклучи телефонот на својата мајка со помош на софтверот за препознавање на лица (Face ID). Од компанијата навеле дека причината за ова е големата сличност на синот и мајката и ова го воделе како одвоен инцидент.

Меѓутоа, набрзо потоа започнала истрага.

Една девојка открила дека со своето лице може да го отклучи новиот iPhone на својата соработничка, и покрај тоа што двете воопшто не личат и немаат ниту идентични фризури. Жените тврделе дека отклучувањето на телефонот е повторено неколку пати за да утврдат дека не станува збор за случајна грешка.

Девојките отишле до продавницата на Apple за да го пријават случајот, а таму откриле дека можат да го отклучат секој телефон.

“Што ќе се случи доколку некој го земе мојот телефон и почне да купува работи преку него? Воопшто не се чувствуваме сигурно”, изјавила една од девојките. Поради сите наведени примери, корисниците на iPhone X во Кина стравуваат дека овој телефон воопшто не може да ги разликува Кинезите.

Apple тврди дека шансата за отклучување на телефонот со лице кое не е регистрирано од уредот е еден во милион.

Извор: Telegraf.rs

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + 3 =