Истражувачите во Јужноафриканска Република го открија најстариот целосен скелет на човечки предок најден досега, стар околу 3,6 милиони години.

Универзитетот Витватерстранд во Јуханесбург го изложи скелетот две децении откако беше најден.

Скелетот на женка Australopithecus беше најден во пештерата Стеркфонтејн во близина на Јоханесбург во 1994 година и го доби името Little Foot.

Се очекува дека ова откритие ќе им помогне на истражувачите да го разберат подлабоко потеклото и еволуцијата на човекот и појавата на неговите карактеритични движења.

На истражувачите им беа потребни 20 години за да може внимателно да го ископаат, исчистат, состават и анализираат кревкиот скелет.

Научниците велат дека овој скелет е значаен за наследството на Јужноафриканската Република и за целата човечка заедница.

Извор: Blic.rs