Toyota Motor North America објави дека планира да употребува измет од крави и тоа не за фертилизација, туку како гориво. На L.A. Auto Show, објавија дека планираат издрадба на фабрика во Калифорнија во која ќе се преработува изметот од кравите од млечните фарми низ сојузната држава, а ќе биде икстрахиран метанот од изметот за да се генерира вода, електрицитет и водород.

крави

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Tri-Gen ќе биде името на фабриката, која би требало да биде отворена во 2020-та година, а ќе биде лоцирана во Long Beach (Калифорнија). На таа локација Toyota го тестира камионот кој работи на водород и нема емисија на штетни гасови. Toyota очекува дека фабриката ќе генерира 2.35 мегавати струја и 1.2 тони водород секој ден. Тоа е доволно за дневните потреби на 2.350 домаќинства и 1.500 возила.

Toyota truck