OnePlus 5T: Доказ дека одличен телефон не мора да чини 1000 долари!

Компанијата OnePlus е позната по телефони со одлични перформанси, благодарение на кои може да им конкурира на најмоќните уреди на пазарот, но со достапна цена.

Неодамна беше презентирана помоќната верзија од OnePlus 5 наречена “OnePlus 5T” со која оваа компанија уште еднаш докажа дека добрите и квалитетни телефони не мора да чинат илјада долари.

OnePlus 5T го користи истиот процесор како и претходно претставениот модел (Snapdragon 835), но има подобри камери (задна камера од 16 и 20MP и предна oд 16MP), а благодарејќи на помалите рабови околу екранот, овој телефон сега има 6.01-инчен AMOLED екран (Full HD резолуција), иако по димензии е скоро идентичен со 5.5-инчниот модел OnePlus 5.

Паметниот телефон работи на оперативниот систем Android 7.1.1 Nougat, а компанијата истакнува дека надоградбата на најновата верзија на мобилниот оперативен систем Oreo ќе биде достапна во текот на следната година.

Цената на основниот модел кој доаѓа со 6GB RAM и 64GB простор за складирање на податоци изнесува 499 долари на американскиот пазар, а купувачите кои сакаат поголема меморија (8GB) и повеќе место за складирање на податоци (128GB), ќе мораат да издвојат дополнителни 60 долари.

Од останатите опции треба да се споменат и сензорот за отпечаток на прстот кој е сместен на задната страна на телефонот, но и новата опција за отклучување на телефонот со препознавање на лицето, батеријата од 3300 mAh, можноста за брзо полнење и 3.5-mm влез за слушалки, кој сè поголем број на компании се одлучуваат да го отстранат од своите модели.

Опциите кои му недостасуваат на овој телефон е водоотпорност (нема официјален сертификат, но OnePlus наведува дека телефонот може да се користи на дожд) и безжично полнење, но се претпоставува дека за поголемиот дел од корисниците, недостатокот на овие две опции сепак нема да биде причина за купување на некои други модели.

Извор: B92.net

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 6 =