Австрискиот дизајнер Клеменс Шилингер поради тоа го дизајнираше Substitute Phone кој што би им можел да им помогне на зависниците од паметни телефони.

Шилингер открива дека луѓето кои што опсесивно и непотребно проверуваат нешто на своите телефони го инспирирале да дизајнира „алатка“ која што ќе им помогне да го сопрат таквото однесување. Substitute Phone е претставен во рамките на „Неделата на дизајнот“ во Виена со назив Offline Design for Real World.

Австриецот дизајнирал пет лажни телефони, а на површината од секој Substitute Phone вградени се тркалца кои што на корисниците ќе им овозможат да „скролаат“ низ „екранот“ на овој „замислен“ телефон.

Целта на Клеменс е корисниците на паметните телефони да започнат да си играат со неговиот производ и така да го спречат непотребното проверуање и гледање во екраните од своите телефони.

Substitute Phone наскоро ќе биде пуштен во продажба, па доколку сметате дека сте зависни од паметен телефон и време е малку да „олабавите“ со тоа, можеби производот на Шилингер е вистинското решение за вашето одвикнување.

Извор: B92.net