Друштвото за заштита на потрошувачите во Норвешка неодамна спроведе тестирање на паметни часовници наменети за деца, а резултатите ги шокираа родителите кои на своите најмили им купиле паметни часовници за да ги следат и да комуницираат со нив. Имено, во некои модели се пронајдени пропусти во безбедноста и се покажа дека податоците се пренесуваат без никаква заштита.

Иако компаниите во чии часовници се пронајдени пропусти веќе ги решија истите или се постапка на решавање, во Велика Британија спорните модели на паметни часовниџи се повлечени од пазарот, а сега Германија се одлучи за уште порадикални мерки и забрани продажба на на паметни часовници наменети за деца. Причина за забраната е, како што велат, затоа што „ова се уреди за шпионирање“. Од истата причина преходно ја забранија куклата My Friend Cayla, која исто така може да се поврзе на Интернет.

Од агенцијата за безбедност на потрошувачите на родителите кои на своите деца им купиле паметни часовници им порачааведнаш да ги уништат. Експерти од BBC ова го опиша како правило кое може да го смени целиот пазат за IoT уреди: лошата безбедност на уредите овозможува повреда на приватноста. Ова посебно загрижува кога се во прашање детските часовници со GPS.

Извор: Иновативност.мк