Ако сакате бесплатен премин на Windows 10, подобро побрзајте!

„Стандардната” бесплатна надградба за Windows 10 веќе е дел од минатото, но не велиме дека се’ e изгубено.

Microsoft и официјално престана со бесплатната надградба за Windows 10 уште во месец јули минатата година. А ако користевте accessibility features, односно опции за пристапност, рокот за надградба сепак беше продолжен.

Но според тоа како стојат нештата во овој момент, дури и оваа варијанта за бесплатна надградба наскоро ќе замине во историјата. Microsoft неодамна ја ажурираше својата веб страница потенцирајќи дека бесплатната надградба за сите оние на коишто им се потребни помошни технологии ќе престане на 31-ви декември.

Бројни корисници во меѓувреме веќе ја искористија можноста за бесплатно да ја направат оваа надградба, а NetMarketShare потенцира дека базата на корисници на Windows 10 оперативниот систем во однос на бројот на PC компјутери пораснала од 9 отсто во месец септември 2015-та година на 29,3 отсто во месец октомври во 2017-та година.

И сето ова звучи добро се’ додека не ги пресметате 46,6 отсто од корисниците коишто и ден денес користат Windows 7 оперативен систем.

А ако планирате да излезете од оваа последната група, подобро би било да побрзате, бидејќи времето за бесплатна надградба полека истекува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + nine =