Го преживеала нападот во Лас Вегас благодарение на својот iPhone

Една жена, која се нашла на фестивалот за кантри-музика во Лас Вегас кога Стивен Падок почна да пука од својата хотелска соба, на „Твитер“ откри дека нејзиниот телефон iPhone и го спасил животот.

Таа телефонот му го покажала на таксистот што ја враќал дома по нападот и кој подоцна ја објавил фотографијата на социјалните мрежи.

Жената рекла дека кога го видела својот телефон, се преплашила бидејќи сфатила дека за само неколку милиметри куршумот не завршил во нејзиното тело.

Исходот на нападот е 59 починати и околу 500 повредени, а иако идентитетот на преживеаната не се знае, сепак може да заклучиме дека имала многу среќа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − eight =