Квизовите на Facebook можат да ви направат сериозна штета!

Повеќето корисници на социјалните мрежи се заразени со квизови, а воопшто не се свесни дека на тој начин хакерите му ги добиваат личните податоци, па потоа ги продаваат. Колку пати на Facebook ќе погледнете интересен и забавен квиз кој го решил некој од вашите пријатели и вие сте посакале да го направите истото?

Дознаете која е вашата сродна душа или што сте биле во предхотниот живот? Колку и да изгледа тоа забавно на прв поглед, позади тој невин квиз може да се кријат хакери. Неодамна е откриена група на хакери која ги користела баш тие квизови на социјалните мрежи за да ги превземат личните податоци.

Поголем дел од квизовите се заразени така што им помагаат на хакерите полесно да си ја завршат својата работа. Меѓутоа, еден помал дел на квизови бил заразен и со малициозен софтвер кој може да направи и поголема штета. Експертите предупредуваат дека преку квизовите многу корисници несвесно ги даваат своите податоци, а потоа хакерите ги препродаваат.

Тоа не значи дека корисниците треба да престанат да ги решаваат овие квизови, туку треба да бидат посебно внимателни кога го прават тоа. Не би смееле да кликаат на објавите кои му ги праќаат нивните пријатели доколку се разликуаваат од вообичаениот начин на комуникација. Линковите треба да ги отвараат во посебен прозорец, а не во тој кој што сте логирани. Треба да се избегнуваат впишувањата на податоциите со кои се логирате на Фејсбук.

И на крај, размислете дали треба да кликате баш на секој квиз кој ќе ви се појави на Facebook. Некои работи е подобро да ги прескокнете.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × one =