Следниот месец пристигнува Surface Book варијанта со Core i7

Неодамна е откриено дека Microsoft ќе нуди Core i7 модели на Surface лаптопот во Burgundy, Cobalt Blue и Graphite Gold варијанти. Овие нови модели ќе бидат објавени следниот месец.

Новата варијанта на Surface Book пристигнува со Intel Core i7 процесор, 16 GB RAM и 1 TB SSD. Оние кои се заинтересирани за купување на еден ваков лаптоп, можат тоа да го направат преку онлајн продавницата на Microsoft.

Microsoft оваа верзија на Surface лаптопот ќе ја нуди на неколку пазари ширум светот. Цената на уредот изнесува 2700 долари, а се испорачува со Windows 10 S оперативниот систем, што е можно да се надгради на Windows 10 Pro, доколку корисникот тоа го посака,

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine − 7 =