Google Maps ќе покаже каде има места за паркирање

Наоѓање на место за паркирање е едно од најпознатите досадни предизвици при возењето во голем град. Апликацијата Google Maps ќе се обидува да им помага на возачите, Со тоа што ќе им покажува каде има слободно место за паркирање во нивниот регион.

Услугата се тестира во 25 градови во САД од јануари годинава. Google пријави дека таа веќе почнува да влегува и во градови во други држави. Таа веќе е достапна во нови 25 градови во неколку земји.

Повеќето градови се во Европа: Аликанте, Амстердам, Копенхаген, Барселона, Келн, Дармштат, Дизелдорф, Лондон, Мадрид, Малага, Манчестер, Милано, Москва, Минхен, Париз, Прага, Рим, Стокхолм, Штутгарт, Валенсија. Меѓу останатите градови се уште Монтреал, Рио де Жанеиро, Сао Паоло, Торонто и Ванкувер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + 4 =