Соработката на компанијата Bang & Olufsen и LG најпосле резултираше со конкретен производ, кој беше претставен на на саемот IFA 2017 во Берлин. Станува збор за телевизорот BeoVision Eclipse, кој ја комбинира напредната аудиотехнологија на Bang & Olufsen со OLED технологијата на LG.

Овој OLED 4K телевизор има екран од 55 инчи, а во септември ќе пристигне и модел од 65 инчи. Телевизорот има триканален soundbar аудио систем од 450 вати, а работи на платформа webOS 3.5.

Посебно кај овој телевизор е моторизираното постолје кое се управува со помош на далечински управувач и можете телевизорот да го возите по дома. Овој подвижен телевизор со ексклузивен изглед и звук доаѓа со исто така „ексклузивна“ цена од 10.990 долари.

Извор: Vidi.hr