Samsung Galaxy Note 8 со две камери и посилен процесор

„Самсунг“ се подготвува на 23 август во Њујорк конечно да го претстави новиот модел Galaxy Note  , па поради тоа информациите за спецификациите се се почести.

Според последните проверени најави, наследникот на Note 7 ќе биде достапен во црна, златна, сива и сина боја. Цената ќе изнесува околу 1.000 евра, а продажбата ќе почне во септември.

Телото на уредот ќе биде заштитено од влијание на вода и прашина со сертификатот ИП68. Формата многу потсетува на Galaxy S8 и S8+, што е и очекувано, а разликите се видливи во деталите како што се „коцкастите” рабови, 6,3-инчен AMOLED дисплеј, димензиите 162,5 мм х 74,6мм х 8,5 мм и класичната големина на дисплејот од 18.5.9.

Ќе работи со Snapdragon 835 во САД и Exynos 8895 чипсет во другите делови на светот, а ќе ги има стандардните 6 гигабајти RAM и 8 гигабајти кај посилните верзии, како и 64 гигабајти интерна меморија со можност за проширување.

Note 8 ќе има две задни камери, двете опремени со сензори од 12 мегапиксели. Широкоаголната камера ќе поседува отвор на блендата од ф1,7 и дуалпикселен автофокус, а телефото камерата ќе има f2.4 бленда и двоен оптички зум. Двата сензора ќе бидат оптички стабилизирани, а предната камера ќе биде опремена со 8-мегапикселски сензор со отвор на блендата од f1.7.

Ќе поседува батерија од 3.300 милиампер часови, која ќе има способност за брзо полнење преку USB влез.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + 6 =