На Tesla Model 3 веќе му конкурираше Chevy Bolt, а наредниот месец пристигнува и новата генерација на Nissan Leaf. Новиот модел на Nissan најмногу ќе привлече внимание поради цената, која ќе биде пониска од 30 илјади долари. Leaf ќе има добра батерија од 40kWh, така што ќе може да очекуваме домет од 250км со едно полнење. Се уште немаме фотографии од изгледот на автомобилот.

Како поголема предност кај Nissan Leaf се потенцира неговата цена, која е помала од 30.000 долари, за разлика од Teslа Model 3. Model 3 дефинитивно ги импресионираше сите љубители на автомобили, а предностите на електричниот автомобил на Nissan е што има квалитетна батерија со висока енергетска ефикасност, и тоа што погоре го потенциравме за цената.