Сите прават грешки, па и Apple. Но, човечки е да се признаат грешките и да се изнајде начин да се исправат истите. Apple важи за компанија, која по сите анкети и истражувања, најмногу се грижи за своите клиенти. Затоа, Apple има неколку програми за бесплатна поправка на уреди кои веќе не се во гаранција.

Такви бесплатни програми за поправка на уреди кои не се веќе во гаранција има неколку, можете да проверите на следниот линк кои се сите, но ние би издвоиле две:

1. Програма на Apple за бесплатна поправка на MacBook Pro со видео проблеми

Apple има увидено дека мал процент на MacBook Pro лаптопи купени во периодот од Февруари 2011-та до Декември 2013-та, може да имаат проблем со изобличено видео, да немаат видео или системот да се исклучува неочекувано.

iSTYLE Сервис Македонија може бесплатно да ги поправи засегнатите модели.

  • Симптоми

Уредите кои се засегнати ги имаат следните симптоми:

– Искривена или изобличена слика на екранот.

– Нема слика на екранот или нема слика на екстерен екран, иако е вклучен системот.

– Системот се исклучува неочекувано.

  • Уреди кои се засегнати:

– 15-инчни MacBook Pro with Retina Mid 2012 и Early 2013

  • Идентификувајте го Вашиот модел

Користете го линкот “Check your Coverage” на Apple страната за да дознаете дали Вашиот лаптоп е во листата на уреди кои може да бидат покриени со програмата на Apple за бесплатна поправка.

– Засегнати модели:

  • MacBook Pro (Retina, 15-inch, Mid 2012)
  • MacBook Pro (Retina, 15 inch, Early 2013)

Доколку Вашиот уред ги има горенаведените проблеми, го проверивте серискиот број на страната на Apple “Check your Coverage” и го има Вашиот сериски во листата, може да го донесете во iSTYLE Сервис Македонија и да го поправите Вашиот уред бесплатно.

  • Доколку уредот има физички оштетувања, како скршен екран, можно е да има дополнителни трошоци кои не се покриени со програмата на Apple.

Програмата на Apple важи 4 години од купувањето на уредот. Уредите кои повеќе не се во листата се: MacBook Pro (15-inch, Early 2011), MacBook Pro (15-inch, Late 2011), MacBook Pro (17-inch, Early 2011) и MacBook Pro (17-inch, Late 2011).

2. Програма на Apple за бесплатна промена на батерија на iPhone 6s

Компанијата Apple, неодамна објави нова програма за бесплатна промена на батеријата кај iPhone 6s моделите. Apple истакна дека имаат откриено проблем кај мал процент од корисниците на iPhone 6s кој може да доведе до исклучување или рестартирање на уредот и покрај тоа што индикаторот за батерија покажува дека уредот сеуште има батерија. Овој проблем може да се јави само кај 6s моделот, односно не се засегнати корисниците на 6s Plus.

Програмата ќе трае 3 години и важи само за промената на батеријата на iPhones 6s моделите кои се купени било каде во светот. Не е потребно да доставите сметка или пак фактура за купениот уред. На следниот линк може да проверите дали Вашиот уред се квалификува за бесплатна промена на батеријата. Доколку сакате самите да проверите, можете тоа да го направите ако го проверите серискиот број на Вашиот iPhone 6s, а серискиот број можете да го видите во Settings > General > About и Serial Number е Вашиот сериски број. Исто така, серискиот број може да се провери на самата кутија или преку iTunes, односно Devices лентата во Preferences. Проблемот најчесто се појавува кај 6s моделот произведен во периодот септември – октомври 2015-та година и само кај уреди со конкретен сериски број. Конкретно, уредите кои завршуваат со следните ознаки во нивниот сериски број (4-тиот и 5-тиот карактер), се засегнати со потенцијалниот проблем со батеријата:

Q4, Q5, Q6, Q7, Q8, Q9, QC, QD, QF, QG, QH, QJ

iSTYLE Service Macedonia како Apple Authorized Service Provider промената ја врши бесплатно. Се што треба да направите е Вашиот уред да го донесете во iSTYLE Сервисот или пак да го испратите по некоја курирска служба со цел уредот да се дијагностицира и визуелно механички да се провери. На тој начин, добивате и бесплатна дијагностика на Вашиот уред и откако ќе биде променета батеријата ќе добиете и совети и трикови за како да ја подобрите состојбата на Вашиот уред.

Значи, без разлика дали го имате купено уредот во Telekom/Vip/One или било каде, можете да го донесете во iSTYLE Сервис Македонија.

Доколку се одлучите да го испратите уредот по курирска служба, адресата на iSTYLE Сервис Македонија е:

Ај Стаил ДОО
Скопје Сити Мол
Ул. Љубљанска бр. 4 лок. 144
Скопје, 1000, Македонија

Исто така, битно е да ни ги испратите и Вашите лични податоци:

  1. Име
  2. Презиме
  3. Телефонски број за контакт
  4. E-mail за контакт
  5. Адреса, Град, Држава

Доколку Вашиот уред ги помине сите тестови, iSTYLE Сервис Македонија ќе Ве извести дека Ви е порачана батерија, а и корисникот може да дојде и да го преземе уредот додека да стигне батерија во сервисот на iSTYLE. Со оглед на тоа дека промената на батериите се врши глобално, очекувани се доцнења на испораките, односно батеријата може да пристигне за 15-30 дена. Откако батеријата ќе пристигне, корисникот ќе биде известен. Рокот за достава на уредот за промена на батеријата, откако ќе биде корисникот известен е 5 работни дена. Доколку се одлучите да го оставите уредот во сервисот на iSTYLE, тој ќе Ви биде вратен на наведената адреса. Трошоците за испорака се на корисникот.

Потребно е претходно да направите Back Up на Вашите податоци, бидејќи iSTYLE Сервис Македонија ќе мора да го ресетира уредот на фабрички подесувања и да направи дијагностика откако ќе биде променета батеријата. iSTYLE Сервис Македонија не одговара за податоците на корисникот.

Доколку Ви е потребен уредот и не Ви се чека 2-3 дена за промена на батерија, можете да закажете термин и промената ќе ја извршат во рок од 1 работен ден.

Доколку и по промената на батерија, проблемот не е отстранет, треба да го донесете уредот на дополнителни проверки и дијагностика во сервисот.

Гаранцијата на батеријата е 90 дена од денот на промена.

НАПОМЕНА: Доколку имате променето екран во неовластен сервис, сепак можете да ја промените бесплатно батеријата на Вашиот уред. Битно е батеријата да е оригиналната. Но, доколку екранот е оштетен, iSTYLE Сервис Македонија ќе го отвори телефонот и ќе ја промени батеријата, но не одговара за дополнителни оштетувања на екранот.

За сите дополнителни информации може да ги контактирате iSTYLE Сервис Македонија на e-mail: [email protected].