Компанијата Google потврди дека наскоро ќе ја објави Allo for Web верзијата на апликацијата. Потврдата стигнува во вид на твит, што го објави Амит Фулај, шефот на производите Allo и Duo во компанијата. Специфично, тој истакна дека апликацијата ќе биде достапна за неколку недели.

Во февруари оваа година, Google објави краток увид во веб-базираниот клиент на Allo сервисот, истакнувајќи дека апликацијата е се уште во рана фаза на развојот.

Тогаш не беше објавен специфичен датум на појавата на апликацијата, но сега имаме рамковна објава на сервисот што е прилично добар, но му недостасиба токму изворниот десктоп модел, за да би можел подобро да се развива.