Во последниве недели, беа најавени два висококвалитетни таблети, од двете најголеми компании во светот на технологијата, Apple и Microsoft. Новите уреди се способни да го заменат вашиот лаптоп и се наменети за оние кои се подготвени да фрлаат пари..

Иако уредите се различни, според своите хардверски и софтверски способности, нивните функции и намена се исти. Поради тоа, генералниот менаџер на Surface фамилијата, Ryan Gavin, изјави дека iPad Pro е “чист пример” на уред кој ја следи 2 во 1 категоријата на Microsoft.

Тој потоа продолжува дека главната предност на нивната Surface линија е што во ниту еден дел не копира некаков Apple продукт, нешто што долго време го правеше Android конкуренцијата на пример, и во светот на смартфоните и на таблетите.

Сепак, иако iPad Pro се обидува да биде своевиден „2 во 1“ компјутер, односно таблет и лаптоп, според многумина му недостасува флексибилност на вистински лаптоп, дури и ако ја купите дополнителната тастатура. Ова се донесува пред се на софтверот – iOS е се подобар и подобар за професионално користење, но и натаму не е идеален за сериозна работа, односно нема доволно такви апликации а и нема ниту добра поддршка за маус.