Instagram овозможува видео преноси во период од 24 часа

Instagram ја интегрира старата функција Live Videos во секцијата Stories на својата мобилна апликација. Корисниците сега можат да ги делат своите „живи“ видео преноси со гледачите во период од 24 часа, овозможувајќи им на гледачите стримот да го гледаат, дури и ако го пропуштиле во текот на првобитниот пренос.

Корисниците можат да изберат да ги сочуваат своите преноси во живо во секцијата Stories, или да ги направат приватни.

Новата функција е продолжение на надградбата и успехот што го донесе функцијата Stories, која веќе има над 250 милиони активни корисници дневно. Ова е исклучително популарна секција на Instagram, а вклучувањето на видео преносот во живо дополнително ќе помогне за популаризација на сервисот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 4 =