На компанијата Google не и е непознато дизајнирањето на сопствените телефони, меѓутоа компанијата сака дополнително да ги подобри своите позиции на пазарот на смартфони, така што ќе почне со производство на сопствени чипови.

Гигантот на интернет пребарувачката сега го ангажираше Ману Гулати, кој ќе биде главен архитект на чиповите во компанијата. За оние кои не знаат, Гулати помина осум години во компанијата Apple, а исто така работеше и со компанииите AMD и Broadcom.

Постои можност Гулати да работи и на други производи на Google, како што се Chromebook, Android TV или Android Wear паметните часовници. Официјалните лица на Google не сакаа да го коментираат ангажирањето на Гулати, а извештаите сугерираат дека Google планира да ангажира дополнителни експерти за процесорите на идните Pixel производи.