Димензиите на овој телевизор од 262 инча изнесуваат 6,1 х 2,7 метри, додека неговата тежина е цели 798 килограми

Австриската компанија C SEED претстави единствен производ, најголемиот 4К телевизор на светот. Телевизорот C SEED 262, како што вели и самото име, донесува дијагонала на екранот од навистина импресивни 262 инчи.

Димензиите на овој телевизор изнесуваат 6,1 х 2,7 метри, додека неговата тежина изнесува цели 798 килограми. Значи, се работи за телевизор кој баш и не може да се смести во сечиј дом.

Неговата резолуција изнесува 4096 x 1716 пиксели, доаѓа во 2.39:1 формат, максималната светлина изнесува 800 нита (cd/m2), контрастот е 5000:1, декласираните видливи агли се 160 степени (хоризонтално и вертикално), а векот на траење е деклариран на 100000 часа.

Од другите карактеристики вреди да се истакне интегрираниот медија центар, шесте звучници од 350 W и луксузнaта моторизиранa завеса која го покрива телевизорот кога не се користи.

За овој телевизор ќе биде потребно да се издвојат неверојатни 490.000 евра, со тоа што неговата инсталација се плаќа дополнително (35.000 евра).