Се чини дека знаеме како ќе изгледа новиот ударен модел на HTC. Но, како и секогаш на протечените информации треба да се гледа со доза на сомневање. Се работи за 3D рендер на надоаѓачки уред што со помош на видеото се покажува од сите агли  во 360 степени.

Овие рендери се темелат на CAD цртежи и обично доаѓаат од фабриката во која се изработува телефонот или од скиците на производителите за футроли. Без оглед од каде доаѓаат, изгледаат навистина добро.

Свежите рендери во 360 степени го прикажуваат црвениот HTC U11 со USB-C приклучок и без 3,5-милиметарскиот приклучок за слушалки. Левата страна нема копчиња, но веројатна е осетлива на допир за употреба со Edge Sense на HTC. Десната страна има стандардни хардверски копчиња за вклучување и гласност. Сензорот за читање на отисоци од прстите е под екранот, а на задната страна има камера од 12 мегапиксели. Официјалното издавање се очекува во текот на овој месец.