Категорија: Featured

AV, Featured

Samsung претстави три нови монитори на IFA 2017

Компанијата Samsung на IFA 2017 саемот во Берлин претстави три нови професионални екрани: CH89 (заоблен модел со дијагонала од 34 инчи), CH80 (заоблен модел со дијагонала од 27 инчи) и SH85 (рамен модел со дијагонала од 23,8 и 27 инчи). Моделите CH89, CH80 и…

ИНТЕРНЕТ, Featured

Хакирани профилите на познати личности на Instagram

Иако Instagram призна дека една или повеќе личности оствариле неовластен пристап на поголем број профили на високо профилирани Instagram корисници и нивните контакт информации, користејќи баг во Инстаграмовиот АПИ, сепак…

ИНТЕРНЕТ, Featured

Google наскоро ќе почне да ги тестира корисниците на клиничка депресија

Илјадници Американци секојдневно на Google пребаруваат кои се симптомите на депресијата, како се лечи депресија и слично, што ја поттикна компанијата Гугл да воведе тестирање за клиничка депресија.   На сите кои во скора иднина на Google ќе напишат „депресија”, ќе им биде понуден прашалник преку кој ќе можат да дознаат дали се во депресија. Новата опција на Гугл прво ќе биде достапна во Америка, а потоа и во цел свет. По пишувањето на зборот „депресија” на врвот на Гугл ќе се појави опција „проверете дали сте клинички депресивни” со клинички валиден тест кој ќе се нарекува PHQ­9. „Прашалникот не подразбира давање на медицинска оценка за психичката состојба, туку има намера корисниците да ги насочи да посетат лекар ако откријат симптоми на депресија” – објасни портпаролот на Google, Сузан Гадреча. Тестирањето на депресијата преку Google, ќе биде целосно приватно.  „Резултатите на PHQ­9 тестот можат да помогнат на луѓето повеќе да се информираат за нивната состојба пред да разговараат со лекар. Луѓето кои имаат симптоми на депресија како што се анксиозност, несоница или замор, често чекаат од шест до осум години да почнат со лечење” – велат од Националната алијанса за ментални болести која го креираше прашалникот PHQ­9 во соработка со Google.  

ИНТЕРНЕТ, Featured

Хакери пробија сметки на познати личности на Instagram

Непознати хакери разбија сметки на голем број познати личности на социјалната мрежа “Инстаграм”, соопшти ТВ компанијата Си Ен Ен. Според нејзини податоци компјутерските пирати успеале да ги преземат електронските адреси…