Xiaomi Mi Note 10 е објавен во ноември минатата година, како прв светски смартфон со 108MP камера. Продажбата на телефонот е окаракеризирана како многу добра, а претставен е и во поевтината Mi Note 10 Lite форма.
Интересно е дека телефонот се досега немаше поддршка за Android 10, иако платформата беше достапна дури и за некои постари модели на Xiaomi. Корисниците сега повеќе не мораат да чекаат, бидејќи почна испораката на MIUI 11 интерфејсот, заснован на Android 10.
Во прашање е Global Stable Beta верзијата на ажурирање, додека стабилната варијанта се очекува наскоро. Ажурирањето има ознака MIUI 11.1.1.0.QFDMIXM, е „тешко” е 2.6GB. Со надградбата на софтверот пристигнува и априлската сигурносна закрпа.
Според наводите на корисниците кои го добиле ажурирањето, забележани се подобрувања кај камерата, искуството на отклучување преку сензорот за отпечатоци од прсти, како и кај вкупните перформанси.