Француската StopCOVID апликација за следење на контакти би требало да влезе во фаза на тестирање следната недела, изјави министерот за дигитални прашања, Седрик О. Не кажал кога ќе оди во поширока употреба, но тоа веројатно зависи од резултатите од тестирањето.
„Нема ништо магично во врска со оваа апликација, но не е ни флертување со технологијата. Може да биде корисна само ако е интегрирана во светскиот здравствен систем“, изјави францускиот министер за дигитални работи, Седрик О на платформата Medium, објави Reuters.
Како што истакна, свесен е дека довербата во централизирана организација може да направи простор за потенцијално кршење на правата, но дека таква важна работа за здравјето на Французите не би требало да се става во рацете на приватните компании.
Ова е само уште една во низата земји кои се обидуваат да развијат најдобар можен начин за контрола на ширењето на заразата коронавирус.
Извор: B92.net