Компанијата Apple порано од очекуваното го претстави својот 13-инчен MacBook Pro со Magic Keyboard тастатура.

Се работи за помало подобрување на спецификациите во однос на постоечката понуда на 13-инчни MacBook Pro модели, но и за крај на една една ера, бидејќи Apple повеќе не продава нови лаптопи со проблематичната тастатура со butterfly (пеперутка) механизам.

Apple релативно избрза да ја исфрли проблематичната тастатура од својата понуда. Во ноември минатата година е претставен 16-инчниот MacBook Pro, а потоа и MacBook Air со Magic Keyboard тастатура. Во периодот од шест месеци Apple целата своја понуда ја замени со лаптопи кои имаат подобра тастатура. Претходно пет години пробуваше да ја усоврши претходната проблематична тастура, уште од 12-инчниот MacBook од 2015. година.

Apple во случајот на новиот лаптоп ги задржа Thunderbolt3/USB-C конекторите, вкупно четири (плус влез за слушалки), TouchBar исто така и натаму е присутен, како и TouchID сензор за отпечатоци од прсти. Escape копчето e физичко.

Исто така, 13-инчниот MacBook Pro сега има 16 GB побрз 3733 MHz RAM-a во „избраните конфигурации“, како и 256GB SSD меморија. RAM меморијата може да се надгради на 32GB,  а SSD меморијата до 4TB. Од Apple тврдат дека десеттата генерација на Intel процесори има turbo boost до 4,1 GHz и дека новата Intel Iris графика го поддржува Pro Display XDR при целосна 6К резолуција.

Основниот модел од 1299 долари доаѓа со 256GB SSD простор, што е повеќе во однос на 128GB во случајот на претходните модели, но овој модел нема процесор од 10. генерација и пристигнува со 8GB RAM, додека надградбата на 16GB чини 100 долари. Тоа е двојно помалку колку што Apple за истата надградба наплаќаше за претходните модели.

Нарачките се примаат од денеска, а наскоро лаптопите ќе биде можно да се купат во избраните продавници на Apple и овластените диструбутери.